Emotion Heads Up (Македонски)
Играјте "Главите горе" и помогнете му на вашиот партнер да го погоди зборот што означува чувство.
Цел
Да го продлабочиме нашето разбирање за емоциите и да бидеме повеќе свесни за нив.
Извори
- (Изборно) Штоперка
- Материјал (кликнете за преземање)
- Лист за активност (опционално) кликнете за преземање
Инструкции
- Ќе ви треба партнер или мала група и картичките со Емоции свртени со сликата нагоре. Еден почнува како Погодувач. Без да ја види картата, Погодувачот ќе одбере една картичка и ќе ја држи на неговото чело за да може другите да ја видат. Ако сакате: Приклучете ја штоперката!
- Другите даваат наскои за да може погодувачот точно да го погоди чувството што се наоѓа на неговата картичка. Насоките не смеат да содржат зборови што означуваат чувства. Насоките може да бидат само ситуации каде чувствата се појавуваат. На пример ако зборот е Исплашен насоката може да биде : “Во гужва си и оддеднаш погледнуваш наоколу и не можеш да ја најдеш личноста со која си дошол.”
- Откако Погодувачот ќе го погоди зборот друга личност станува Погодувач и влече нова карта. Играта продолжува се додека истече времето, а вие добивате поен за секоја успешно погодена картичка.
Дискусија
- Дали некои зборови беа потешки или полесни за погодување? Зошто?
- Дали луѓето имаат навика да размислуваат за слични ситуации – насоки и кои би можеле да бидат?
- Што би се случило доколку луѓето би биле посвесни за своите чувства… ?
Продолжение
Напишете приказна за тоа што би се случило доколку луѓето би имале картички кои што лебдат над нивната глава цело време, покажувајќи ги нивните моментални емоции.
Activity Source
Patty Freedman
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
3-6 минути
DEMO VIDEO:
0 Comments