Застанете со приказна
Во овој дел ќе прочитате заедно една приказна, задржувајќи се на клучните делови од приказната за да разговарате за мислите и чувствата на ликот.
Цел
Изградете емпатија и вежбајте справување со емоциите
Извори
Инструкции
- Во оваа сликовница, ќе постојат 1-2 точки низ приказната каде ликот ќе се соочи со предизвикувачка ситуација ( како на пример конфликт, одлука или пак момент со многу емоции), овие делови ќе бидат обележни си лепливо хартиено ливче на самата страница за да го означи тој момент.
- Прочитајте ја приказната, застанувајќи на моментот на предизвик, кој е означен со ливче:
- Прарашајте ги децата што тие мислат дека размислува ликот
- Прашајте ги децата која емоција мислат дека ликот ја доживува (По желба може да ја употребите табелата со обележани чувства)
- Прашајте ги децата кои дејствија мислат дека ликот ќе ги превземе
- Не постојат погрешни одговори. Пробајте да останете неутрални на повратните одговори на децата. Единствено, повторете ги зборовите на детето како вреднување на мислата но не како оценување на одговорот.
- По завршување на приказната, дикутирајте со децата
Дискусија
- Дали некогаш сте биле во ваква ситуација и кога? Споделувањето на нечии емоции па дури и на некој лик се вика Емпатија. Зошто сметате дека поседувањето на емпатија е добро? Како да развиеме емпатија во поголема мера?
- Мислите, чувствата и дејствата се поврзани. Дали може да се сетите на некое време кога сте се почувствувале речиси исто како ликот во оваа приказна, и кои активности сте ги превземале? Ако треба повторно да го направите тоа дали би го направиле истото?
Продолжение
Поканете учесници да илустрираат и нацртаат слика за ликот од приказната, употребувајќи го истиот или поинаков завршеток на приказната. Споделете ги мислите, чувствата и дејствијата на ликот употребувајќи широк опсег на чувства со зборови кои искажуваат чувства..
Activity Source
Patty Freedman & Maria Jackson
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
4-10 минути
DEMO VIDEO:
0 Comments