Гладната Кукла

Во оваа активност, децата ќе направат сопствен куклен театар употребувајќи марионети направени дома за да ги согледаат различните ситуации за гладот и споделувањето на храна.

Цел

Да бидат способни да се изразат и да покажат емпатија кон различни ситуации поврзани со гладот и да прикжат волеви дејства и емоции.

Извори

  • Картон
  • Конец или жица
  • Лепак (селотејп) 
  • Ножички 
  • Маркер
  • Лист за активност (опционално) кликнете за преземање

Инструкции

Изработка на Марионета (15 минути за правење, или 5 минути ако е претходно исечена)

  1. Од картонот исечете еден голем круг (кукла), околу три инча (7.5 сантиметри) широк, и два помали круга (стапала), околу 1.5 инча (3.75 центиметри) широки.
  2. Исечи лента од картонот за рачка.
  3. Украси ја куклата
  4. Исечи кус конец, околу 3 инча (7.5 сантиметри) и залепи го едниот крај на грбот од куклата, а другиот крај на стапалато. Направи го истото со другата нога.
  5. Исечи два долги дела од конец, околу 15 инча (37.5 сантиметри), и залепи ги на грбот од куклата, а другите краеви залепи ги на картонската рачка.

Куклен Театар

  1. Одбери место за одржување на куклената претстава.
  2. Употреби една од следните ситуации за да направиш претстава помеѓу тебе и најмалку уште една личност:
    • Еден од твоите другари, кој очигледно е гладен, ти пренесува дека не сака ручек денес, но ти знаеш дека тој понекогаш има многу потешкотии да собери пари за да плати ручек.
    • Твоите родители само што завршиле со купување од продавница и при враќање дома, здогледуваш личност што се измачува со знак “Немам пари, секаква помош е добредојдена, немам јадено 3 дена.”
    • Избери самиот ситуација поврзана со темата глад од околината што те оплружува. 
  3. Времетраењето на претставата да биде 2 минути.

Дискусија

  • Како се чувствуваше кога забележа дека некој да страда за храна? Како се почувствува откако им помогна?
  • Постојат многу причини луѓето да донесат различни одлуки. Што мислиш кои се причините некои луѓе да споделуваат храна, а некои не?
  • Како ти лично можеш да направиш промена за намалување на гладот во светот?

 

 

Продолжение

Најди организација, како јавна кујна, банка за храна итн. за лично да допринесеш на луѓето кои страдаат за храна да добијат оброци. Но запомни да прашаш возрасен кој ќе те придружува.

Activity Source

Annie Chu & Kristin Aoki
0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About this activity…

ВОЗРАСТ:

SDG:

Големина на група:

EQ AREA:

Време:

10-15 минути

DEMO VIDEO: