Застанете со приказна

Во овој дел ќе прочитате заедно една приказна, задржувајќи се на клучните делови од приказната за да разговарате за мислите и чувствата на ликот.

Цел

Изградете емпатија и вежбајте справување со емоциите

Извори

  • 1-2 детски сликовници/книги со слики
  • Лист за активност (опционално) кликнете за преземање

 

 

Инструкции

  1. Во оваа сликовница, ќе постојат 1-2 точки низ приказната каде ликот ќе се соочи со предизвикувачка ситуација ( како на пример конфликт, одлука или пак момент со многу емоции), овие делови ќе бидат обележни си лепливо хартиено ливче на самата страница за да го означи тој момент.
  2.  Прочитајте ја приказната, застанувајќи на моментот на предизвик, кој е означен со ливче: 
    1. Прарашајте ги децата што тие мислат дека размислува ликот
    2. Прашајте ги децата која емоција мислат дека ликот ја доживува (По желба може да ја употребите табелата со обележани чувства)
    3. Прашајте ги децата кои дејствија мислат дека ликот ќе ги превземе
  3. Не постојат погрешни одговори. Пробајте да останете неутрални на повратните одговори на децата. Единствено, повторете ги зборовите на детето како вреднување на мислата но не  како оценување на одговорот. 
  4. По завршување на приказната, дикутирајте со децата

Дискусија

  •  Дали некогаш сте биле во ваква ситуација и кога? Споделувањето на  нечии емоции па дури и на некој лик се вика Емпатија. Зошто сметате дека  поседувањето на емпатија е добро? Како да развиеме емпатија во поголема мера? 
  •  Мислите, чувствата и дејствата се поврзани. Дали може да се сетите на некое време кога сте се почувствувале речиси исто како ликот во оваа приказна, и кои активности сте ги превземале? Ако треба повторно да го направите тоа дали би го направиле истото?

 

 

Продолжение

Поканете учесници да илустрираат и нацртаат слика за ликот од приказната, употребувајќи го истиот или поинаков завршеток на приказната. Споделете ги мислите, чувствата и дејствијата на ликот употребувајќи широк опсег на чувства со зборови кои искажуваат чувства..

Activity Source

Patty Freedman & Maria Jackson
0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About this activity…

ВОЗРАСТ:

SDG:

Големина на група:

EQ AREA:

Време:

4-10 минути

DEMO VIDEO: