Океански Зони

Во оваа активност, ќе научиш каде живеат морските животни во океанот и ќе размислуваш како би се чувствувал ако ти беше морско животно во различни зони.

Цел

Да се научи за различните зони во морето и животните кои живеат таму.

Извори

Инструкции

  1. Исечи една риба и обој ја по желба. Ова е твојата специјална риба! За разлика од другите животни кои најчесто остануваат во нивната океанска зона, твојата специјална риба може да се движи во сите зони. 
  2. Погледни и спореди колку блиску се морските животни за време на денската зона, зоната на зајдисоце и зоната на полноќ. 
  3. Ако ти беше риба која живее во океан, во која зона ќе сакаше да бидеш сега? Стави ја твојата риба во таа зона на едно од слободните места. Откако ќе ја ставиш рибата таму, сподели со останатите зошто си ја одбрал таа зона.

Дискусија

  • Погледни каде останатите ја ставиле нивната риба. Понекогаш луѓето со кои комуницираш, се наоѓаат во различни зони. Како можеш да видиш, базирано на говор на тело, дека тие сакаат да бидат во различна зона? 
  • Морските животни мораат да останат во нивните зони затоа што тоа е единственото место кадешто тие можат да преживеат. Но затоа што ти си специјална риба, ти можеш да одбереш каде да бидеш во секое време. Дали би сакал засекогаш да останеш во зоната што си ја одбрал? Или би сакал да ги замениш зоните во зависност од времето и местото? Зошто?

 

 

Продолжение

Гледај го Finding Nemo или  Finding Dory  за да научиш повеќе за различните океански зони.

Activity Source

Mia Skaggs & Annie Chu
0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About this activity…

ВОЗРАСТ:

SDG:

Големина на група:

EQ AREA:

Време:

5-10минути

DEMO VIDEO: