Тепачка поради Сиромаштија
Цел
Извори
- Торба со сув грав (секаков вид)
- Пластични лажици
- цевчиња за пиење
- Хартиени чаши
- Лист за активност (опционално) кликнете за преземање
Инструкции
Појаснување
- Објаснете им на учесниците дека во оваа активност, тие ќе го споделуваат богатството и моќта помеѓу нив. Богатството е претставено со купче сув грав на масата. На секое дете му е доделена алатка за собирање на гравот, со 2 лажици, со 1 лажица или сламка за пиење во одреден временски период (се препорачува 20 секунди). Произволно поделете ја групата така што мнозинството да има сламки. (На пример ако има 10 деца, 6 деца да добијат сламки, 3 деца да добијат по 1 лажичка и 1 дете да добие 2 лажички.) Сите ученици мора да ја наполнат алатката за собирање употребувајќи ги доделените средства, но НЕ со прсти. Исто така, учесниците не смеат да ги допираат другите членови од групата во текот на активноста.
- Истурете ги гравчињата на средината од масата. На командата ОДИ, учесниците собираат колку што може повеќе гравчиња без да се допрат меѓусебно во определениот период (20 секунди).
- По завршувањето на определениот временски период, учесниците ги бројат гравчињата во нивните чаши и го споделуваат нивното богатство со класот. Запиши ги имињата на децата и бројот на гравчиња на табла или на хартија во табела со следните три категории: 1) ГОЛЕМО БОГАТСТВО И МОЌ (тие со најмногу гравчиња – најмалата група); 2) СРЕДНО БОГАТСТВО И МОЌ (тие со неколку гравчиња – средната група); 3) МАЛКУ БОГАТСТВО И МОЌ (тие со најмалку гравчиња – најголемата група).
- Кажете им на целата група дека овие гравчиња го претставуваат нивното богатство и моќ во светот. Количеството на гравчиња што го поседуваат ќе влијае на капацитетот за задоволување на нивните потреби (пр. основно образование, соодветна храна, исхрана, добра здравствена нега, соодветно домување) и желби (пр. високо образование, автомобили, компјутери, играчки, телевизија и други луксузни работи). Замолете ги учесниците да ги преместат столчињата за да седат со нивната нова група. (ако е возможно – доделете им ги учесниците од групата “ГОЛЕМО БОГАТСТВО И МОЌ” најдобрите столчиња со многу простор, на учесниците од групата “СРЕДНО БОГАТСТВО И МОЌ” помалку простор за седење, а на учесниците од групата “МАЛКУ БОГАТСТВО И МОЌ” тесен простор за да не им биде удобно при последниот дел од активноста. Кажете им на учесниците од групата ГОЛЕМО БОГАТСТВО И МОЌ дека ќе им бидат исполнети основните потреби и повеќето од желбите; Кажете им на учесниците од групата “СРЕДНО БОГАТСТВО И МОЌ” дека ќе им се исполнат основните потреби; Кажете им на учесниците од групата “МАЛКУ БОГАТСТВО И МОЌ” дека ќе имаат тешкотии во преживувањето поради болести, недостиг на образование, лоша исхрана и несоодветно живеалиште.
Создавање правичност
5.Објаснете и на целата група дека некои луѓе во нивната држава (можеби и во нивната заедница) и во секоја држава во светот имаат недостиг од сооветни потреби, како што се храна, образование, здравствена нега и живеалиште. Посочете дека други луѓе во нивната заедница или држава, се способни да се здобијат со скоро се што им треба или сакаат да го имаат.
6.Кажете им на учесниците дека тие можат, ако сакаат, да им дадат гравчиња на другите, но тоа не е побарано од нив. Кажете им дека секој кој ќе сподели, ќе биде ставен во листата “ЛУЃЕ КОИ СПОДЕЛУВААТ”. Дозволете неколку минути за учесниците да можат да ги прераспределат зрнцата грав доколку сакаат. Прашајте дали ако некој ја промени категоријата (се придвижи нагоре или надолу) би требало да ги промени седиштата како резултат на давање или примање парички и да ги внесе овие промени на табелата?
Дискусија
- Како се чувствувавте на почетокот за начинот на кој гравчињата беа собирани и дистрибуирани? Во која група завршивте? Дали е само случајност каде завршуваме?
- Како се чувствувавте кога бевте распоредени во групи според богатството и моќта?
- Дали некои луѓе ги споделија гравчињата? Дали дадовте или примивте гравчиња? Зошто и зошто не? Како се чувствувавте?
- Што определува дали луѓето би дале гравчиња или не? Дали со покажување нечие име? Чувство на вина? Нешто друго?
- Како оваа игра се поврзува со тоа како богатството и моќта во светот се распределени?
- По завршувањето на играта, дали имате подобро разбирање за ситуацијата или ставот на луѓето/нациите во развој? На ситуацијата или ставот на богатите луѓе/нации?
- Ние го прославуваме Светскиот Ден на Децата со UNICEF со темата #децата преземаат. Како би го прераспределиле богатството и моќта низ светот? Што би предложиле за да го постигнете тоа? Врз кои принципи би се воделе вашите предлози за промена?
Activity Source
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
DEMO VIDEO:
0 Comments