Емо Цвеќе
Не секогаш ги почитуваме специјалните (посебните) луѓе во нашите животи. Ајде да размислиме за една специјална личност и да посветиме внимание на емоциите кои ги споделува со нас. Можеме да покажеме почит и да кажеме колку се грижиме за нив.
Цел
Да се стекне способност да се идентификуваат чувствата на другите и да се покаже благодарност.
Извори
- Лист хартија
- Фломастери / боици / пенкала
- Ножици
- Лента
- Тенка жица
- Емо лист
- Лист за активност (опционално) кликнете за преземање
Инструкции
- Исечи 6 кругови од хартија во боја, широки околу 7.5 см
- На еден круг кој ќе биде во средина напиши име на некој (на пример Мајка) кој го почитуваш или кому си благодарен, на останатите 5 кругови, напиши некои особини кои ги почитуваш кај таа личност (на пример – љубезна, нежна, трпелива, забавна). Употреби го Емо листот од ресурсите по потреба.
- Превиткај ги 5те кругови на половина и исечи мала дупка во центарот
- Стави ја жицата на кругот кој е во средина за да направиш стебло за цвеќето
- Стави ги останатите превиткани кругови еден по еден на централниот круг
- Направи круг на долниот дел од жицата за да може да стои. Собери ги сите цвеќиња на масата за да направиш расцветана градина.
Дискусија
- Какво е чувството да се покаже почит и благодарност кон некого?
- Кога размислуваш за чувствата на другите луѓе, како се чувствуваш?
- Какво беше чувството да се размисли за 5 идеи за цвеќето? Можеш ли да продолжиш?
- Што се слушува кога покажуваме почит кон другите?
Activity Source
Made by Joel & Patty Freedman
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
8-10 минути
DEMO VIDEO:
0 Comments