Емо Цвеќе

Не секогаш ги почитуваме специјалните (посебните) луѓе во нашите животи. Ајде да размислиме за една специјална личност и да посветиме внимание на емоциите кои ги споделува со нас. Можеме да покажеме почит и да кажеме колку се грижиме за нив.

Цел

Да се стекне способност да се идентификуваат чувствата на другите и да се покаже благодарност.

Извори

  • Лист хартија
  • Фломастери / боици / пенкала 
  • Ножици
  • Лента
  • Тенка жица
  • Емо лист
  • Лист за активност (опционално) кликнете за преземање

Инструкции

  1. Исечи 6 кругови од хартија во боја, широки околу 7.5 см 
  2. На еден круг кој ќе биде во средина напиши име на некој (на пример Мајка) кој го почитуваш или кому си благодарен, на останатите 5 кругови, напиши некои особини кои ги почитуваш кај таа личност (на пример – љубезна, нежна, трпелива, забавна). Употреби го Емо листот од ресурсите по потреба. 
  3. Превиткај ги 5те кругови на половина и исечи мала дупка во центарот 
  4. Стави ја жицата на кругот кој е во средина за да направиш стебло за цвеќето 
  5. Стави ги останатите превиткани кругови еден по еден на централниот круг   
  6. Направи круг на долниот дел од жицата за да може да стои. Собери ги сите цвеќиња на масата за да направиш расцветана градина.

Дискусија

  • Какво е чувството да се покаже почит и благодарност кон некого? 
  • Кога размислуваш за чувствата на другите луѓе, како се чувствуваш?
  • Какво беше чувството да се размисли за 5 идеи за цвеќето? Можеш ли да продолжиш? 
  • Што се слушува кога покажуваме почит кон другите?

Activity Source

Made by Joel & Patty Freedman
0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About this activity…

ВОЗРАСТ:

SDG:

Големина на група:

EQ AREA:

Време:

8-10 минути

DEMO VIDEO: