Кругови на припадност

Да се има чувство на припадност не мора да биде само апстрактно-- можеме да изброиме многу групи на кои што припаѓаме, и да именуваме луѓе со кои што се чуствуваме сакани.

Цел

Кога ќе ја завршат оваа вежба, децата ќе знаат каде најмногу чуствуваат припадност. Ќе знаат каде да се обратат кога ќе имаат потреба, и ќе идентификуваат со кого би сакале да зближат.

Извори

  • Маркери
  • (Опционално) Други креативни материјали (како хулахуп, песок, камчиња)
  • Материјал (кликнете за преземање)
  • Лист за активност (опционално) кликнете за преземање

Инструкции

  1. Соберете материјали за правење на вашите кругови. Децата можат да цртаат на хартија или може да ја извадите хартијата и моливите и да употребите друг креативен материјал – дури и да излезете надвор и да употребите (карпи, песок, карики за хулахоп итн.) за да направите повеќе кругови
  2. Објаснете ја активноста. Помогнете му на детето да види колку различни групи на припадност постојат (семејство, пријатели, училиште, спорт, клуб, пошироко семејство, итн.) нека создадат слика со преклопени кругови на припаѓање.
  3. Прво, нека го нацртаат / создадат / обележат нивното име на хартијата. Потоа,  нека го додадат својот прв круг околу нив, означувајќи / цртајќи ја кружната група „Семејство“ или „Мама, тато, сестра“
  4. Направете последователни кругови. Продолжете да додавате сè повеќе и поголеми кругови на припадност, со вклучени разни групи на луѓе, сè додека не ги претставите сите групи на кои ќе се сетат.
  5. (По избор) Ставете чувства кон луѓето. Замолете ги да споделат чувства за тоа како се чувствуваат кога се со една од групите (тим за пливање: силен, семејство: сакан). Потоа, нека го претставуваат тоа чувство со зборови или илустрации на нивните кругови на припаѓање. Продолжете со повеќе кругови. Ако сакаат децата можат да ги споделат цртежите со партнерот или помала група.

Дискусија

  • Како се чуствувате кога размислувате за сите овие луѓе што ве сакаат?
  • На кого би се обратиле со различни потреби –  ако ви треба прегратка или да побарате помош за домашни задачи?
  • Со кого можете да бидете најмногу „вие“, и со што е потребно да бидете повеќе „вие“ со другите?
  • Со кого би сакале да бидете поблизок, и кои чекори можете да ги преземете за да стигнете до таму?

Продолжение

Поставете чувства на секоја група, и прашајте како детето се чувствува кога е со секоја од нив. Тие исто така можат да ги споделат своите цртежи едни со други ако се во група.

Activity Source

Patty Freedman
0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About this activity…

ВОЗРАСТ:

SDG:

Големина на група:

EQ AREA:

Време:

5-10 минути

DEMO VIDEO: