Чашка за емоции
Во оваа активност ќе илустрирате 4 различни емоции на вашата “Чашка за емоции”, употребете ја за да споделите како вие се чувствувате.Учениците можат да ја употребат оваа чаша за да искомуницираат и да ги споделат своите чувства со останатите.
Цел
Научете да правите разлика помеѓу емоциите и бидете опуштени при комуникацијата со останатите во која ги употребувате своите емоции .
Извори
- 2 хартиени чаши
- маркери
- ножици
- Лист за активност (опционално) кликнете за преземање
Инструкции
- Исечете правоаголник на една од чашките (Чаша A) (погледнете го видеото). Ставете ја другата чаша (Чаша Б) внатре во чашата А и најдете го правоаголникот 4 пати, обидувајќи се да ја ротирате чашата Б на секое вртење
- Земете ја чашата Б и нацртајте на неа 4 вида различна емоција, по една во секој од правоаголниците, употребувајќи различна боја за секоја емоција.
- Означете ги емоциите
- Ставете ја чашата А (со исечениот правоаголник) над чашата Б( со цртежите кои осначуваат емоции)
Дискусија
- Одберете емоција од вашата Чаша за Емоции и споделете искуство кога сте ја почувствувале таа емоција. Какво чувство предизвика кај вас таа емоција?
- Која е причината за емоциите кои ги одбравте?
- Дали некогаш сте почувствувале повеќе од една емоција? Споделете нешто повеќе околу тоа.
Продолжение
- Некои емоции можат да бидат спротивставени. Која емоција е спротивност од среќен според тебе? Направете нова Чаша за емоции каде што емоцијата од едната страна на чашката ќе биде спротивна на емоцијата што ќе ја илустрирате на другата страна од чашата
- Некои емоции имаат ранг/ стадиуми! На пример, може да сте вознемирени, потоа фрустрирани, потоа лути па дури и бесни. Направете друга Чаша за Емоции која ќе ги прикажува четирите стадиуми на една категорија на емоција.
Activity Source
Annie Chu & Mia Skaggs
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
5-10 минути
DEMO VIDEO:
0 Comments