Свети силно
Во секоја личност има светлина. Понекогаш може да биде предизвик да се сподели светлината со секого; Можеби сме срамежливи и ги сокриваме нашите посебни квалитети или не ни е овозможена прилика да заблескаме поради полот или позадината. Во оваа активност децата се фокусираат на нешто што ги прави посебни и за тоа сакаат да дознае целиот свет.
Цел
Децата да ги идентификуваат нивните посебни таленти и да ги споделат на нивниот “Фенер”.
Извори
- Хартија
- Ножички
- Лепак (селотејп)
- Молив/пенкало/маркер
- Лист за активност (опционално) кликнете за преземање
Инструкции
- Пред почетокот, замолете ги децата да замислат запалена свеќа во темнина Нека размислат за тоа колку светло блеска, осветлувајќи ја собата. Луѓето може да бидат такви, споделувајќи ја внатрешната топлина. Што е тоа што тие сакаат да го споделат за себе?
- Пресечете го врвот на хартијата, околу 1 инф (2.5 цм) и чувајте го за подоцна за да биде употребен како рачка на фенерот.
- Превиткај ја обоената хартија на половина, вертикално.
- Продолжи со исечоци, околу 1 инч (2.5 цм) се додека не си 2 инча (5 сантиметри) од крајот на хартијата.
- Одвиткај ја хартијата и напиши “Сакам да заблеска _____________ во светот.” врз долната граници на хартијата.
- Залепи ги кратките страни на хартијата за да направиш круг (краевите што се 2 инча (5 сантиметри) во ширина).
- Стави ја рачката
Дискусија
- Што значи да заблеска нашата светлина?
- Како може да го практикуваме заблескувањето на нашата светлина со другите?
- Како да ги охрабриме другите да се чувствуваат безбедно во заблескувањето на нивната светлина?
- Како би се чувствувале да сте во училница или семејство каде секој блеска со светлина?
Activity Source
Patty Freedman
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
5-7 минути
DEMO VIDEO:
0 Comments