Справување со чувства при насилство
Дали некогаш си бил или си видел случка на насилство? Како се чувствуваше, дали нешто направи?
Цел
Како да се подигне свеста за разни ситуации на насилство и да се превземе акција во истите.
Извори
- Пенкала/Моливи
- Лепак
- Ножици
- Материјал (кликнете за преземање)
- Лист за активност (опционално) кликнете за преземање
Инструкции
- Избери картичка со некоја случка, или измисли ја и закачи ја на ѕидот.
- Како ќе се чувствуваше ако и ти беше дел од таа случка? Избери 1-2 картички со чувства, или измисли ги сам и закачи ги до картичката со случката.
- Што би ти помогнало во таа ситуација , како ќе се справиш со чувствата? Избери картичка со давање помош, или измисли и закачи ја до картичката со чувства.
- Потоа, погледни го ѕидот со картичките. Кога би се нашол во ваква ситуација што би направил?Напиши каква акција би превзел, или одбери картичка со Акција, и закачи ја до картичката со Помош за да покажеш дали ќе бидеш заштитник и што ќе превземеш.Ако сакаш, напиши го твоето име на картичката со Акција за другите да знаат дека си заштитник и дека ќе помогнеш во дадената ситуација.
Дискусија
- Дали ти е тешко или лесно да се замислиш во таква ситуација? Зошто?
- Дали си изненаден од тоа што другите би направиле во како се чуствуваат во таа ситуација?
- Повеќето од картичките со Помош се едноставни работи, како љубезност и почит. Предизвик ли е да се биде љубезен и да ги почитуваш луѓето?
- Како се чувствуваш кога велиш дека ќе преземеш акција? Кои се ризиците и придобивките од преземењето акција во дадената ситуација?
Продолжение
Поканете учесници внимателно да се набљудуваат себеси и светот околу нив во текот на следната недела и тоа да го напишат користејќи го форматот на оваа вежба. Какви се ситуациите? Како се чувстуваат? Какви активности презеле тие или другите (или не презеле) за да се подобри ситуацијата?
Activity Source
Natalie Hampton with Joshua Freedman, Patty Freedman, and Carolyn Hampton
About this activity…
ВОЗРАСТ:
SDG:
Големина на група:
EQ AREA:
Време:
5 минути за едно лице
DEMO VIDEO:
0 Comments